Зошто мажите се повлекуваат?

Баш кога помисливте дека добивте зелено светло и сте спремни за акција, токму во тој момент работите започнуваат да се движат во друга поинаква насока.

Мажите како и жените се чудни човечки суштества и воедно и они се подеднакво тешки како и жените кога би посакале да ги разберете што навистина посакуваат.

Овој пат ви издвоивме кои би биле неколкуте причини што би ги натерале мажите неочекувано да го променат своето однесување, притоа повлекувајќи се и не давајќи ви никакво објаснување за своите постапки.

 

 

Кога се е премногу прерано  

Голем дел од припадниците на посилниот пол често не се сигурни во себе дали воопшто посакуваат врска или не, пришто зачестената навика на гледање, излегување и се што е премногу рано во некој стадиум од запознавањето и притоа би им изгледало како врска за нив делува загорозувачки, притоа доведувајќи ги до повлекување од вас без никакво објаснување за тамошните постапки. Запомнете они се тие со кои треба многу повеќе трпение да се има, полека и сигурно, ќе ја остварите вашата цел.

Притисок

Првиот секс во таканаречената врска не би претставувал никаков притисок, но секој следен и друг начин на кој би се обиделе да ги искажете вашите посериозни намери за заедничка иднина или сериозна врска, е една од поголемите причини што ги доведуваат мажите до нивното неочекувано повлекување. Оставете се на него, тој нека биде оној кој ќе одлучи кога е вистинското време за промена на работите, допуштете му да верува дека тој е оној кој ги има конците и играта во свои раце.  

Лични причини

Некои од нив едноставно во одреден момент не се подготвени за врска. Недостатокот од слободно време, стравот од нова врска, а понекогаш и фактот дека сеуште ја нема преболено својата поранешна партнерка се едни од најчестите причини поради кои би се соочиле со неочекувани постапки од страна на онаа личност која ја гледате како ваш потенцијален партнер. Не размислувајте премногу губејќи си го времето, личностите кои своето оправдување го пронаоѓаат во овие причини и не така лесно ќе го променат своето однесување и по подолг временски период.

Пронајдете не на следниве мрежи: