Финансиската криза во Ирска го зголеми наталитетот

Loading...

Годината 2009 беше за Ирска најтешката во текот на актуелната финансиска криза, но рекордна според бројот на новородени деца последните 118 година и тој тренд продолжува не само и покрај кризата, туку и токму поради неа, покажуваат податоците што во вторникот ги објави Reuters.

Во 2009 година во Ирска биле родени 75.554 деца, десет илјади повеќе отколку 2006 година, во периодот на економски процут кога Ирска ја нарекуваа „Келтски тигар“ а тогашниот премиер Берти Ахерн предвидуваше дека економскиот бум може да расте, а не и да паѓа.
Меѓутоа, рецесијата во светото и должничката криза во еврозоната ја претворија Ирска во една од европските држави со најголема стапка на невработеност. И покрај тоа, продолжи високата стапка на новороденчиња и во 2011 родени се 74.650 деца.
Високиот наталитет и’ помага на Ирска да ја надомести високата стапка на иселување, бидејќи 250 лица, претежно млади на возраст од 20-ина години речиси секојдневно заминуваат во странство.
Експертите предвидуваат дека идните пет години наталитетот во Ирска ќе се зголемува повеќе од 8 отсто, а тоа е четири пати повеќе од просекот во Европската унија.
Ирска и досега имаше една од најголемите стапка на наталитет во Европската унија, со нешто повеќе од две деца по жена, а финансиската криза на таа традиција и’ придодаде нов димензија. Жените се откажуваат од кариерата поради високата невработеност и се решаваат да имаат повеќе деца во комбинација со намалувањето на трошоците за издржување на дете.
„Во текот на економскиот бум, сопругата работеше и бевме повеќе концентрирани на парите. Кога ќе ја загубите работата вашиот фокус ќе се промени“, вели 30-годишниот Пол Миди чија сопруга останала без работа и дури тогаш го родила првото дете.
Откако изби финансиската криза, најголем пад на бруто домашниот производ (БДП) во земјите од еврозоната доживеа токму Ирска, која истовремено е и меѓу најбогатите во ЕУ, а тоа значи дека падот на животниот стандард не ги повлекол повеќето ирски семејства во сиромаштија.
Ирската влада го намали надоместокот по дете од 160 на 140 евра, но и намалениот детски надомест во Ирска сé уште е во однос на другите делови во Европа. Меѓутоа, исто така, намалени се и цените на детските производи. Затоа многу планираат семејства, а анкетата којашто опфатила 700 жени, покажала дека 39 отсто од нив одговориле дека токму рецесијата ги поттикнала да го зголемат семејството.

Макфакс

loading...
Loading...