Меси го пропушта мечот против Алавес

Тренерот на Барселона Тито Виланова донесе одлука најдобриот фудбалер Лионел Меси да го одмори на средбата во рамки на Купот на Кралот против Алавес.

Со ваквата одлука на Виланова, легендарниот германски фудбалер Герд Милер уште некое време ќе биде сопственик на рекорден број голови во една календарска година.
Милер во 1972 година постигна 85 голови, додека Меси во моментот е на бројката од 82 гола и мечот против Алавес се чинеше како добра можност за соборување на рекордот.
„Меси единствено размислува за клупските трофеи, а не сопствените рекорди. Заслужи одмор, иако против Алавес можеше сосем да се доближи до рекордот на Милер“, рече Виланова.
Барса во првиот меч на гостувањето славеше со 3:0, а реваншот на Камп Ноу е само формалност. Покрај Меси, во стртната постава нема да бидат и Виктор Валдез, Андрес Иниеста, Чави и Пике, а шанса ќе добијат фудбалерите од младинската школа.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: