Козаци ќе ја чуваат безбедноста во Москва

Козаци облечени во традиционални плави униформи и со шубари на главите започнаа да патролираат низ московските улици, како дел од настојувањето на властите да ги сузбијат поситните криминални активности во престолнината.

Осум Козаци од денеска се грижат за редот и мирот на една од железничките станици во Москва, а врз основа на работата на оваа група ќе се проценува дали новите сили ќе станат платени помошници на полицискиот одред.
Некогаш славните коњаници на царска Русија денес не јаваат коњи и не носат мачеви.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: