Дневен хороскоп – 28.11.2012

Дневен хороскоп за 28.11.2012 – среда.

 

Овен
Ќе уживате во денот, што ќе си го ослободите од обврски. Искористете го секој слободен момент за личностите и нештата што ги сакате, а за кои во текот на другите денови немате време. Можна е интересна средба на улица, или покана за забава. Потребно ви е друштво.

Бик
Ќе го зголемите обемот на семејните обврски. Еден дел од денот ќе го минете во посета на роднините, а семејниот ручек можно е да се отегне до вечер. Ќе бидете зависни од туѓата помош, којашто ќе ви биде попотреба од кога и да е. Не се осврнувајте на туѓата завидливост.

Близнаци
Ѕвездите ве потикнуваат на активност. Сe што долго сте одложувале или запоставувале, денеска ќе се појави како проблем. Тоа ќе ве придвижи од местото и ќе конечно ќе се ангажирате за да ја разрешите ситуацијата. Колку што е можно помалку потпирајте се на туѓите ветувања. Не се осврнувајте на озборувањата.

Рак
Ќе примите корисни податоци со кои ќе ја подобрите својата материјална состојба. Со новата симпатија ќе ве спои еден заеднички пријател. Погледите ќе ви говорат повеќе од зборовите. Во долгите врски, партнерот ќе ви помага да завршите една работа. Ќе ви годи промената.

Лав
Пред вас е ден во кој со леснотија ќе ги искажувате своите предности и успешно ќе ги прикривате мааните. Сосема извесни се придвижувања на љубовен план, коишто ќе ги иницира вашата подобра половина. Вечерните часови гарантираат убаво расположение во прегратката на партнерот. Помогнете ? на една постара личност.

Девица
Некои информации што ќе ги откриете во случаен разговор, ќе ве потикнат на зголемена внимателност. Ќе внимавате кому и што зборувате и кому ги откривате своите планови. Работните рокови ќе бидат кратки, па можно е и да останете подолго на работното место. Не се преценувајте.

Терезија
Не ги силувајте случувањата. Ве очекува минливо нарушување во љубовниот однос, за кое делумно и самите ќе бидете виновни. Слушајќи туѓи совети или проблеми, би можеле да тргнете по погрешен пат. Денот не е погоден за ризикување. Не им помагајте на лицата што тоа не го сакаат.

Скорпија
Ве очекува забрзан ден. Чувствата ќе оневозможат рационално размислување и решавање. Ќе ве нервира упорноста на додворувачите, на кои одамна сте им ставиле на знаење дека не ве интересираат. Можно е изненадување во кругот на семејството. Не ги мешајте уживањето и работата.

Стрелец
Ќе се оптоварувате со детали, поради што ќе губите многу време. Еден необичен разговор ќе ве потикне да го смените мислењето за една личност што сте ја сметале за неинтересна. Финансиската поддршка стигнува од саканата личност. Ослободете се од состојбата на зависност.

Јарец
Внатрешните превирања и сомневања ќе се зајакнат. Некој ќе ја узурпира вашата приватност или тврдоглаво ќе ве наговара да застанете на негова страна. Можно е да примите порака или известување што ќе ве подигне на нозе и ќе ве возбуди. Не учествувајте во туѓи кавги. 

Водолија
Денот е поволен за разрешување на старите тешкотии и разјаснување на ситуациите за кои до неодамна не сте биле подготвени искрено да разговарате. Ќе ве нервира нерешителноста на вашите блиски. Ќе сметате дека така го трошат вашето време. Заштитете се од туѓата љубомора.

Риби
Ќе ви биде потребна нежноста и разбирањето на другите. Вашите настојувања да ги поправите односите со околината ќе вродат со плод. Вистински момент е некому да му се допаднете или дискретно да вшетате во љубовниот живот на личноста што ви се допаѓа. Покажете ги своите чувства.

Пронајдете не на следниве мрежи: