Откако Германецот Себастијан Ветел ја одбрани титулата светски првак во Формула 1, управата на Ред Бул Рејсинг ги награди сите вработени со новчани бонуси 12.000 до 50.000 евра, за што ќе одвои околу десет милиони евра.
Наградата ја доби секој од 550 вработени во централата на Ред Бул Рејсинг во Милтон Кејнес во Англија. Хигиеничарките и персоналот од рецепција, на пример, ќе добијат по 12.000 евра, додека за инженерите бонусот изнесува околу 50.000 евра.
„Премиите се дефинирани преку договор и на нив има право секој наш вработен. Како и минатата година, секој го добива својот дел“, потврди Хелмут Марко, еден од челниците во компанијата.
Колкава награда ќе добие трикратниот светски првак Ветел сè уште не е познато.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: