Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација(УЕФА) го суспендираше фудбалерот на Шахтјор Луиз Адријано со еден меч неиграње заради неспортскиот потег за време на мечот од Лигата на шампионите против Нордсјаланд.
Бразилецот во мечот игран во Копенхаген постигна гол откако неговиот соиграч ја враќаше топката на Данците, кои ја прекинаа играта заради повреда на еден фудбалер од украинскиот тим. Вилиан сакаше да ја врати топката на данските фудбалери, но Адријано го пресече додавањето и на изненадување на сите постигна гол за изедначување(1:1). Адријано во продолжението на мечот постигна уште два гола, а Шахтјор славеше со 5:2.
Бразилецот заради казната ќе го пропушти мечот против Јувентус што се игра во Доњецк.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: