Линдзи Лохан – новата пријателка на Чарли Шин

Лошото момче на Холивуд, Чарли Шин, по се изгледа дека сочуствува со ѕвездите со сличен животен стил како него.

 

Имено, тој на својата колешка од снимањето на петтото продолжение на Врисок, Линдзи Лохан, и подари 100.000 долари со цел да и помогне да си го плати данокот. Агентите на Чарли Шин го потврдија ова негово добро дело притоа истакнувајќи го следново: “Чарли е познат по тоа што на своите пријатели им помага на разни начини. Ова е само уште еден пример”.

 

Тој пред две години беше најдобро платен актер во тв серија, за улогата на Чарли во Два ипол мажи. За разлика од него, Линди не се снаоѓа толку добро во последно време. Нејзината последна филмска улога во која го глумеше ликот на безвремената Елизабет Тејлор помина многу лошо кај критичарите. Таа има лични, правни и финансиски проблеми, а сите тешки периоди од животот ги поминува на насловна страна од некој таблоид, баш како и Чарли. Токму поради тој факт, Чарли реши да и подари 100.000 долари за таа да може да го плати данокот за 2009 и 2010 година што изнесува околу 200.000 долари.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: