Закани за поставени бомби стигнале во 30 судови и други институции низ сојузната американска држава Тенеси, што предизвикало евакуација во вторник, јави Associated Press.
Меѓу евакуираните згради била и федералната, но властите велат дека не биле најдени бомби.
Тенеси е четврта сојузна држава во Америка која се соочува со закани за поставени бомби, откако порано месецов слични закани стигнале во институции во Орегон, Небраска и Вашингтон.
Девет закани биле доставени во Западен Тенеси, меѓу кои и онаа за федералната зграда во мемфис, седум во централниот дел на тенеси и 14 во источниот, вели портпаролот на Одделот за безбедност на тенеси, Далиа Квалис.
За заканите не е уапсен никој, се уште, а властите до вчера попладнето пребарале 14 згради кои биле под закана.
Заканите биле направени со телефонски повици до централните на судовите, со закана дека бомбите ќе експлодираат наутро.
Сите закани дошле од маж.
„Тоа беше машки глас кој едноставно рече ако ова е судот во Четам Каунти треба да бидете разнесени, што ме запрепасти. Се обидов да го натерам да повтори, но тој само ја прекина врската“, вели ребека Никлсон, од судот.
Од друг суд сведочат дека машки глас рекол оти има бомба во судот и спуштил.
ФБИ го презеде случајот и ги презема сите мерки за заштита и пронаоѓање на заканувачот.
Службите околу четири часа ги пребарувале зградите под закана,а полицијата ја прекинала на неколку часа и тролејбуската линија која поминувала во близина на федералната зграда.
Од полицијата во Мемфис сведочат дека околу 8.30 часот се јавила жена која рекла оти има информација дека некој ќе ги разнесе криминалистичкиот центар на окружниот суд, федералната зграда и поштата во градот.
Сите три места биле пребарани и ништо не било најдено.