Фотографии на Томислав Николиќ мора да бидат закачени во српските амбасади

Министерството за надворешни работи на Србија, по налог на кабинетот на претседателот на Републиката, им нареди на амбасадите и конзулатите на Србија на видни места да истакнат фотографии на Томислав Николиќ.

Од српското МНР  појаснуваат дека станува збор за вообичаена пракса.
„Фотографии се држеа во амбасадите и за време на претходниот претседател, а ќе се држат и за време на секој следен. Тоа е практика не само во Србија, туку секаде во светот“, изјави за „Блиц“ Милош Тодоровиќ, портпарол на Министерството.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: