10 најконтроверзни насловни страни на сите времиња

Шокот е најдобар начин на правење профит! Луѓето тоа го сфатиле одамна, и низ историјата може да забележиме повеќе примери за тоа како го практикувале овој факт. Погледнете и самите кои се најконтроверзните насловни страни на магазините низ светот на сите времиња.

 

Time магазин – Адолф Хитлер на оргули ја свири химната на омразата. Прогласен е за личност на годината откако успеа да издејствува да се притопат чешките Судети на Германија. 1938 година.

 

Vanity Fair магазин – Трудната и гола Деми Мур позира за насловната страна на магазинот. Со ова, тогашната 28 годишна девојка е првата жена што се одлучила за ваков потег. 1992 година

 

Rolling Stone магазин – Сликата од Џон Ленон и Јоко Оно, снимена во апартманот на Ленон неколку часа пред неговата смрт. 1980 година

 

Time магазин – Прва насловна страна која не содржи слика, туку само текст: Дали е Бог мртов? Вистински бум во јавноста и навреда за многумина. 1966 година

 

Playboy магазин – Дарин Штерн е првата афроамериканка која се сликаше за насловната страна на овој магазин. 1971 година

 

Time магазин – уредниците на овој магазин биле обвинети дека намерно ја затемниле сликата на спортистот и актерот О Џеј Симпсон за да изгледа по застрашувачки. Сликата е од неговото досие кога беше тужен за убиство на својата сопруга. 1994 година

 

The New Yorker – илустраторот Бери Блит на сатиричен начин ја покажа тактиката на страв и дезинформации за време на претседателските избори во САД во 2008 година. Сепак донесе лавина реакции од јавноста на која и бепе тешко да го сфати ова. 2008 година

 

Time магазин – Елен Деџенерис излезе од плакарот на насловната страна на магазинот. Во страните на магазинот изјави дека е лезбејка и зборуваше за нејзината хомосексуалност. Во тоа време беше единствената геј личност на телевизија. 1997 година

 

Ok Weekly магазин – Магазинот беше страшно критикуван поради објавување на фотографија од безживотното тело на кралот на поп музиката Мајкл Џексон. Самата слика магазинот ја плати 500.000 долари. 2009 година

 

Rolling Stone магазин – Пред да стане миленичка на папараците, Бритни Спирс беше кралица на тинејџерките. Многумина сметаа дека оваа фотографија е премногу сексипилна за малолетната Бритни! 1999 година

Пронајдете не на следниве мрежи: