УЕФА и ФИФА ја укориле Хрватска поради изјавите за генералите

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) Давор Шукер откри дека УЕФА и ФИФА и одржале лекција на Хрватска поради изјавите на селекторот Игор Штимац во врска со ослободувањето на хрватските генерали од Хаг.

Штимац по објавувањето на ослободителните пресуди, ги повика генералите Анте Готовина и Младен Маркач да го изведат почетниот удар на мечот против Србија, што треба да се одигра во рамки на квалификациите на Светското првенство
Оваа изјава не наишла на добра реакција кај челниците на УЕФА и ФИФА кои се познати по стриктното одвојување на спортот од политиката.
„Ни одржаа мала лекција. Мораме да внимаваме како ќе се однесуваме“, изјави Шукер
На првиот човек на хрватскиот фудбал му е сосема јасно дека политиката и спортот не треба да се мешаат.
„Политиката во HNS ја води Извршниот одмор на чие чело сум јас. Штимац има договор да ја тренира репрезентацијата и вакви и слични испади во медиумите се кршење на договорените обврски. Несмотрениот истап како плод на еуфорија предизвика штетни последици за Сојузот и за угледот на репрезентацијата“, изјави Шукер.
Тој нагласи дека целосно се залага за принципот независност на спортот од политиката.
„Добро стартувавме во квалификациите, имаме десет бодови, но ништо сеуште не сме завршиле. Ме интересира само „проектот Бразил“ кога е во прашање репрезентацијата. Тоа е работа на Штимац, а како Сојузот ќе работи, тоа е работа на претседателот и Извршниот одбор“, нагласи Шукер во интервју за весникот „Нови Лист“ од Риека.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: