Најмалку 20 загинати во двоен бомбашки напад во Дамаск

Во експлозија на два автомобила бомби во сириската престолнина Дамаск каде населението е лојално на режимот на претседателот Башар ал-Асад, загинале најмалку 20 луѓе, јавија сириските медиуми.

Еден автомобил-бомба експлодирал рано утрината 6,40 по локално време (4,40 часот по македонско време), во источната област на Дамаск, Џараман, во којашто живеат припадници на малцинската заедница Друзи, како и христијаните кои побегнале поради насилство на други места, а кои се лојални на претстедателот Башар ал- Асад.
Сириската државна новинска агенција SANA ги карактеризира експлозиите како терористички напади зад кои стојат главно сунитските муслимани кои ги сочинуваат вооружените бунтовнички групации коишто се борат за соборување на режимот на претседателот Асад кој е припадник на малцинските Аливити, кои се дел од шиитскиот ислам.
Агенцијата SANA јавува дека експлозиите на автомобилите-бомби предизвикале сериозни оштетувања, како и многу убиени и ранети. Две помали бомби, исто така, експлодирале во Џарамана во приближно исто време.
Телевизијата Addounia емитуваше снимки на коишто се гледа како пожарникари гасат две сосема изгорени возила. Остатоци од соседните згради, исто така, уништиле неколку други автомобили.
Репортерот на телевизија од местото на инцидентот соопшти дека во експлозиите се убиени најмалку 20 луѓе. Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон, опозициски група која наводно преку свои активисти на теренот го следи насилството во Сирија, соопшти дека во нападот се убиени 29 лица, а десетици се повредени.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: