Кои грешки упорно ги повторуваат жените

Кој не треба од време на време малку да го зачини сексуалниот живот? Се сакате, но најчесто партнерот е тој којшто иницира секс. Редовно водите љубов и сметате дека „тоа е тоа“, зарем не?

Па, не е толку едноставно…Американскиот сексолог Џејн Грир која е и семеен советник тврди дека дури и денес, по толку текстови на таа тема, совети и предлози, жените најчесто повторуваат три основни грешки во креветот.

Еве ги трите грешки кои жените упорно ги повторуваат.

Удобни алишта

Се разбира дека сите сакаат на себе да имаат нешто удобно кога легнуваат во кревет – стари и широки пижами на пример. Има ли нешто поудобно од тоа? Но, ако сакате да внесете малку живост во сексуалниот живот и да ја разбиете рутината, решението е едноставно – облечете нешто удобно, но свилено. Пожелно е да биде кратко и деколтирано, ако веќе секси долната облека дефинитивно не е за вас. Реакцијата на партнерот нема да изостане, а и вие ќе се чувствувате посексапилно.

Не преземање иницијатива

Немојте секогаш вие да чекате да ве повика „на танц“, понекогаш преземете ја иницијативата. Мажите се возбудуваат кога жената ќе покаже желба за секс, кога се труди љубовниот живот да не стане здодевен и монотон. И покрај овој општо познат факт, повеќето жени, сè препуштаат на мажот.

Критикување

Ова треба да се избегнува по секоја цена! Иако доста се зборува и пишува за негативниот ефект што го има критиката во кревет, сексологот Грир тврди дека тоа е една од најголемите грешки кои жените се уште ги прават. Значи, немојте да кажувате што не сакате и што не ви се допаѓа, туку укажете му го тоа на друг начин – кажете му што сакате и што ви се допаѓа! Ако не побарате, нема ни да добиете! Но, без критикување.

Пронајдете не на следниве мрежи: