Токио и натаму кулинарска престолнина на светот

Tокио ја задржа титулата кулинарската престолнина на светот во престижниот водич на титула Michelin, иако бројот ресторани со три ѕвездички во јапонскиот главен град е во опаѓање, пренесува во средата Reuters.

Така, Токио шеста година по ред ги доби највисоките оцени на агенцијата Michelin, а титулата ја задржал иако бројот ресторанот со три ѕвездички паднал од минатогодишните 16 на 14.
„Јапонското гурманска кујна е уште покреативна, повдахновена и поинвентивна отколку претходно“, оценува Мишлен Ели, меѓународен директор на водичите што ги изработува „Michelin“.
Ели особено ги истакнува вештините и квалитетот на главните готвачи во Канту, област околу Токио. Освен двата ресторана кои влегле во топ 14, сите други служат јапонска кујна.
Во водичот за западниот регион Кансаи, кој беше објавен минатиот месец, три ѕвездички добија 12 токиски ресторани.

Пронајдете не на следниве мрежи: