42 години во кома а нејзината мајка никогаш не ја остави

Едварда О`Бара од Мајами на 16 годишна возраст паднала во дијабетичка кома од која никогаш не се разбуди. Нејзините последни зборови упатени до нејзината мајка биле ''никогаш немој да ме оставиш'', а нејзината мајка тоа и го исполни…

 

Едварда О`Бара од Мајами е пациентка која во историјата на медицината е убедливо најдолго во кома. Имено таа во кома е цели 42 години. Жената која ја нарекоа “заспаната убавица'' падна во кома уште додека била во средно училиште, а сега после повеќе од 4 децении таа почина без да се разбуди.

 

Имено Едварда која била дијабетичар, на 16 години паднала во дијабетичка кома, а како последица на тоа телото и нејзиниот ум останале парализирани. Пред да дојде до потполна вегетативна состојба на својата мајка и кажала никогаш да не ја остава.

 

Иако на нејзината мајка многу пати и препорачале да ја исклучи Едварда од апаратите, сепак таа никогаш не помислувала на такво нешто, иако одржувањето во живот на Едварда ја исцедиле финансиски.

 

До крајот на својот живот, Кеј О`Бара се надевала дека нејзината ќерка ќе се разбуди. Надежта и била во погледот на Едварда кој со години не се промени…

Пронајдете не на следниве мрежи: