По скоро 20 години брак, Белгиецот Jan (62) дојде до сознание дека неговата сопруга е всушност вистински маж. Вистина која својот пат го пронајде преку случајниот коментар на еден од роднините од страна на сопругата на овој несреќен старец.
Говорејќи за нивниот прв состанок, Jan посебно нагласил дека неговата 20 години брачна партнерка, била олицетворение за женственост и вистинска убавина кај една жена.
Несреќниот Белгиец на своите изјави за медиумите додава дека по неговиот прв неуспешен брак, Моника била единствениот негов тогашен совршен излез од депресијата, притоа додавајќи дека сега ја разбира вистинската причина зошто никогаш не и идело во работата со домашните задачи.
Како дополнителен шок на изјавите се наведуваат и пронајдените фотографии од страна на Jan, кои според претпоставките на несреќникот претставувале само некоја мината личност од животот на неговата сопруга, но не и самата таа, односно тој.
Животот на овој сега веќе човек во поодминати години за кратко време се претвори во пекол, со оглед и на невозможноста “неговата сопруга” да се исели од нивниот заеднички дом, според одлуката на тамошниот суд.
Извор: Telegraf.rs