Италија на новите мајки ќе има дава 300 евра за дадилки

Италијанската влада има намера парично да ги помогне мајките на новороденчињата со месечен надомест од 300 евра во период од шест месеци за да можат да платат дадилки или детска градинка, за да се вратат на работното место.

Владата во Рим, за таа цел има намера во идните три години да издвојува 20 милијарди евра годишно, а таа средства на мајките коишто ќе се решат да се вратат на работа по породилното отсуство кое во Италија трае пет месеци, ќе може да го користат само за плаќање дадилки или детски градинки.

Одлуката владата треба наскоро да ја прифати, можеби и до крајот на седмицава, пишуваат италијанските медиуми.
Според податоци објавени во миланскиот дневен весник Corriere della Sera. 27 Италијанки по раѓањето на првото дете го напуштаат работното место.

Мајките предвидениот надоместок ќе може да го побараат преку интернет по што ќе се направат листи на кои предност ќе им биде дадена на семејствата со најниски приходи.
Имајќи предвид дека во Италија до минатата година се раѓале околу половина милион дева на годишно ниво, предвидените средства, ако се побараат во најголемиот износ од 1.800 евра, ќе бидат доволни за 11.илјади мајки, меѓутоа, како што истакнува весникот, во секој случај станува збор за прв обид да се променат неповолните трендови, како демографски, така и на пазарот на трудот.
Еден од проблемите на Италија е што жените се недоволно вработени, односно работи само 45 отсто од нив, додека европскиот просек изнесува 58 отсто, па владата со оваа мерка сака да го поттикне нивното враќање на работа по породилното отсуство. Италија, исто така, има и една од најниските стапки на плодност од 1,36 деца по жена, според податоците на италијанската статистичка агенција Istat од крајот на 2011 година.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: