Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал верува дека со враќањето на Томаш Росицки играта на Арсенал ќе добие на креативност, французинот смета дека Казорла и Росицки би биле одличен тандем.
Томаш Росицки се повреди во текот на натпревар на Европското Првенство кое се одржа во Полска и Украина, долго време е вон натпреварувачкиот ритам, а од неодамна почна да тренира со екипата, тренерот на Арсенал Арсен Венгер неговото враќање во тимот го гледа како огромно засилување за тимот.
„Го обожавам стилот на Росицки, тој е играч кој ја влече целата екипа напред. Никогаш не се грижам кога тој ја има топката и кога диригира со играта. Има одличен пас, преглед на играта, продор и секако располага со одличен шут“ изјави Венгер.
Пронајдете не на следниве мрежи: