На мечот со Удинезе, во кој Лацио славеше со убедлив резултат од 3-0, фудбалерите настапија во посебни дресови на кои пишуваше „NO RACISM“.
Поради немилите настани кои се случија во Рим во пресрет на натпреварот од УЕФА Европа Лигата против англискиот премиерлигаш Тотенхем, клубот Лацио презеде конкретни чекори во борба против расизмот.
Лацио на мечот против Удинезе на Олимпико со 3-0 го совлада тимот на Удинезе, а клубот со дресовите јасно го пренесе својот став околу нередите што се случија.
Иако навивачите на Лацио важат за расисти, клубот сепак застана во нивна одбрана, а во новото соопштение повторно стои дека зад инцидентите стојат навивачи на Рома.
Пронајдете не на следниве мрежи: