Интер се обиде да ја намали платата на холанѓанецот Снајдер, но тој се спротистави и заврши надвор од тимот, сега на ред се ветераните Камбијасо и Милито.
Камбијасо и Милито по трите освоени титули во 2010-тата година го продолжија договорот со Интер до 2014-тата година.
Морати им додели плата по 4 милиони евра годишно.
Клубот сака да им ги намали договорите, Маикон и Жулио Цезар поради тоа и го напуштија тимот, а што се однесува на Весли Снајдер, тој е веќе вон екипата.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.





