Обвинителството на Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територијата на поранешна СФРЈ, во средат ги отфрли најновите обвинувања од Србија дека сведоците на обвинителството против поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај биле убивани.
Како што пренесе белградската агенција Бета од Хаг, изразувајќи „изненадување“ од изјавата на српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ дека се убиени 19 потенцијални сведоци, што притоа сугерира дека тоа е последица од лошата работа на хашките истражители, претставникот на хашкото обвинителство Фредерик Свинен изјавил дека станува збор за неточно прикажување на фактите и дека „стварноста е спротивна“.
Според Свинен, нема докази дека кој и да е сведок е убиен, затоа што бил на листата сведоци во случајот на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК- УЧК) Рамуш Харадинај.
Потсетил дека српскиот обвинител Вукчевиќ и претходно зборуваше за уште поголем број убиени сведоци против Харадинај, но дека по разговорот со главниот хашки обвинител Серж Брамерц „ја исправи изјавата“ и призна дека 2информациите му биле погрешни“.
„Изненаден сум што таквите информации повторно се појавуваат“, изјавил во средата Свинен.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: