Германската парламентарна комисија за земјоделие подготвува дополнување на законот со кој сексуалниот однос за животни би се прогласил „непримерно” што значително би го олеснило казнувањето на сторителите, на што се спротиставува здружението на зоофили.
Германија ја озакони зоофилијата во 1969 година, освен во случај кога животното трпи „значителна штета”, меѓутоа здруженијата за заштита на животните почнаа кампања за измена на законот, а гласањето би требало да се одржи на 14-ти декември во германскиот Бундестаг.
„Со директна забрана полесно ќе се изрекуваат казни и ќе се подобри заштитата на животните”, изјави за весникот Tageszeitung шефот на парламентарната комисија, Михаел Голдман.
Со глоба до 25 илјади евра може да биде казнето лице коешто ќе присили животно на „работи против видот”.
На овој предлог се спротиставија од групата „Зоофилите за толеранција и информирање” (Zeta), која со законски средства ќе се обиде да ги оспори измените на законот.
„Незамисливо е сексуалниот чин со животно да се казнува како доказ дека животното претрпело каква и да е штета…”, изјави претседателот на групата Микаел Кок кој појаснува дека нејзините приврзаници „животните ги сфаќаат како партнери. Не ги присилуваме на ништо. Полесно е да се разберат животните отколку жените”, пренесува BBC.
Сексуален однос со животно е забранет во многу европски земји, меѓу кои Холандија, Франција и Швајцарија. Во Велика Британија ваквиот закон е променет во 2003 година, кога максималната казна доживотен затвор е намалена на само две години.
Меѓутоа, сексуален однос со животни се дозволени во Белгија, Данска, и Шведска, којашто исто така размислува за промена на законот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: