Кои се најплатените професии во Македонија?

Анализата која ја објави Капитал, открива што треба да работите за во Македонија да земате најголема плата.
Вработените во правните и во сметководствените дејности земаат највисока плата во Македонија.
Ова се последните податоци од Државниот завод за статистика за просечната нето-плата во Македонија, објавува Капитал.
Еве кој се најде на листата по правниците и сметководителите:
– воздухопловниот транспорт (40.283 денари),
– телекомуникациите (39.889),
– финансискиот сектор (37.338),
– фармацијата (36.726)
– производството и дистрибуцијата на електрична енергија (35.747).
Просечната нето-плата во септември годинава изнесуваше 20.779 денари. Според овие податоци, платите се зголемиле во однос на минатата година.
Преземено од Курир

Пронајдете не на следниве мрежи: