Хамшик: Наполи има поголема желба од Јувентус за „Скудетото“

Играчот на Наполи, словакот Марек Хамшик, за италијанските медиуми изјави дека неговиот тим има поголема мотивација и желба да го освои „Скудетото“ отколку нивниот конкурент, тимот на Јувентус.

Наполи на најдобар можен начин го искористија киксот на Јувентус и Интер и повторно се вклучија во трката за освојување на титулата во италијанската Серија „А“ лига.

Марек Хамшик е убеден дека Наполи има нешто што тимот на „Старата Дама“ го нема, голема желба за надигрување и секако, мотивација за освојување на титулата.

„Сега само два поени не делат од лидерот и сеуште целата работа е во наши раце. Јувентус се навикна на победи но ние имаме голема желба отколку они кога е во прашање борбата за трофеите“ изјави Хамшик.

Пронајдете не на следниве мрежи: