Голманот на екипата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, застана во одбрана на својот тренер по минималниот пораз од Бетис со резултат 1-0, Касиљас вели дека екипата мора да собере сила за да го заборави поразот.
Касиљас вели дека не сака да го најавува дербито со Атлетико Мадрид и бара поддршка од навивачите, верува дека неговата екипа има шанси и квалитет да победи против градскиот ривал во наредното коло.
„Верувавме дека заостанувањето зад Атлетико ќе биде мало, но се надевам дека ќе успееме да се спуштиме на 5 бодови. Атлетико и Барселона се во сериозна предност и мораме да размислуваме како да им се приближиме, и тоа мораме да го направиме што е можно побрзо, очигледно е дека реми веќе не доаѓа во предвид“ изјави Касиљас.
Меѓудругото, тој ги критикуваше сите оние кои упатија свирежи кон Мурињо…
„Кога се во прашање свирежите кон Мурињо, мислам дека тоа е премногу тажно, Мурињо тоа не го заслужи воопшто“ вели Касиљас.
Пронајдете не на следниве мрежи: