Фенербахче и Баерн Минхен во „поход“ за потписот на Снајдер

Холандскиот интернационалец во редовите на Интер, Весли Снајдер, призна дека нема никаква претстава за тоа што го чека во блиска иднина и им даде дознаење на сите дека најверојатно би си заминал од Интер во најскоро време.

Весли Снајдер јасно му е ставено до знаење дека нема да биде во конкуренција за првиот тим се додека не се согласи на смалување на неговата плата, што холанѓанецот веќе го одби.

Снајдер на денешниот тренинг потпишуваше автограми на навивачите и во разговор со нив истакна дека нема претстава што ќе биде.

„Задоволен сум овде, но искрено немам никаква претстава што ме чека“ изјави Снајдер.

Пронајдете не на следниве мрежи: