Новиот дечко на Деми Мур – повторно помлад

 

Откако со нивниот развод, излезе целиот валкан веш на Деми Мур и нејзиниот сопруг Ештон Качер, јавноста ја доби сликата дека Ештон е млад и успешен човек кој ја најде утехата на пропаднатиот брак во својата колешка Мила Кунис, а Деми Мур беше оставената жена во 50та година од својот живот која не може да се врати во нормала.

 

Но таа докажа дека не е една од најсекси актерките на Холивуд за џабе, Деновиве почна да се шушка за нејзината нова врска. Имено, на забавата на момчето на Наоми Кембел во Индија, секси актерката го запозна Вито Шнабел, кој има само 26 години. Тие ја поминале цела вечер и ноќ заедно и сега се во врска. Воопшто не не изненадува изборот на Деми, која не го крие својот вкус за мажи. Нејзиниот нов избраник е речеси половина од нејзината возраст, но тоа воопшто не ја засега Деми.

 

Вито е трговец со уметнички дела кој е познат на високите елитни кругови како момче што сака забава и ноќни излегувања до доцните часови. Дали оваа врска ќе потрае и Деми ќе успее да го смени ова момче или пак повторно ќе остане со скршено срце останува да видиме.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: