83-годишник прегази жена на булевар во Куманово

Кумановка е тешко повредена откако била прегазена од 83-годишен возач на булевар.

Вчера во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од село Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.