Измама на македонската музичка естрада – и ги зел парите и ја оставил без албум

Деновиве на социјалните мрежи е актуелна измамата што и се случи на пејачката Јулија која е вокал на добро позната група Кис ми. Таа се пожали на социјалните мрежи дека била измамена од нејзин колега. 

 

Со нашите сознанија дојдовме до крајот на приказната. Имено, пејачката тврди дека исплатила цели 4.000 евра на членот на групата Арија – Далибор Даки Џошиќ за албум кој се уште не го добила.

Набрзо по плаќањето за албумот, таа му позајмила на истиот колега уште 1.500 евра, бидејќи се наоѓал во тешка живтона ситуација. Откако деновиве таа решила “да дојде по своето” и да ги побара парите или барем албумот, наишла на остра рекација од страна на Далибор.

 

Како што таа тврди, тој ја навредил со многу погрдни зборови и јасно и дал на дознаење дека никогаш нема да и ги врати парите ниту пак да и направи албум. Далибор се уште не излезе во јавноста со реакција за овие обвинувања на Јулија. 

 

Извор: estradaplus.com

 

Пронајдете не на следниве мрежи: