(ФОТО) Времеплов: На стадионот во Чаир играше светскиот фудбалски „АС“ КРИСТИАНО РОНАЛДО!!!

Убава приказна за која вреди да се навратиме девет години наназад, имено, на 6-ти јуни во 2003-тата година на стадионот во Чаир се судрија селекциите на Македонија и Португалија за играчи до 21 година во рамките од квалификациите за Европскиот шампионат, а во младата селекција на Португалија се најдоа Бруно Алвеш, Рикардо Кошта, Рикардо Кварезма, Тиаго, Макукула, Хуго Виана, Кристиано Роналдо, а на клупата беа Жозе Босингва и Дени, сите овие претходно споменати фудбалери се веќе дел од европскиот фудбалски „шлаг“, особено еден од најдобрите фудбалери во светот Кристиано Роналдо.

Борче Постолов беше единствен стрелец на овој меч. Натпреварот заврши со високи 1-4 за гостите.

Макукула во 31-вата минута го постигна првиот гол на мечот, за 0-2 стрелаше Еднилсон во 28-мата минута, а во вториот дел Хорхе Рибеиро во 53-тата минута од мечот веќе зголеми на 0-3, последниот гол за гостите беше дело на Бруно Алвеш само две минути подоцна.

Конечните 1-4 ги постави Борче Постолов во 87-мата минута од мечот со што само го ублажи поразот на силната селекција на Португалија.

Од денешен агол е мошне интересна и привлечна приказнава бидејќи на овој меч за Португалија настапи Кристиано Роналдо, кој заедно со Лионел Меси се моментално најдобрите фудбалери во светот.

Во сезоната 2002-2003 Роналдо настапуваше за тимот на Спортинг Лисабон.

Мошне звучни имиња во тогашниот состав на Португалија кој го предводеше Хозе Праташ Ромао.

Македонија-Томе Панчев, Александар Поповски, Горан Попов, Тони Мегленски, Ване Шиков, Благојче Дамевски, Данчо Масев, Влатко Гроздановски, Дарко Тасевски, Зоран Балдовалиев.

Замени-Јордан Георгиевски, Горанче Димовски, Борче Постолов, Тони Питошка, Никола Глигоров, Јетон Керими.

Селектор-Бобан Бабунски.

Португалија- Мореира, Педро Пауло Пинхеиро Даш Невеш, Хорхе Рибеиро, Бруно Алвеш, Рикардо Кошта, Еднилсон, Рикардо Кварезма, Тиаго, Ариза Макукула, Хуго Виан, Кристиано Роналдо.

Замени-Бето, Сантамариа, Хозе Босингва, Мануел Хозе, Жоао Пауло, Лоренсо, Дени.

Селектор- Хозе Пратеш Ромао.

Пронајдете не на следниве мрежи: