Деведсет и седумгодишната Перуанка Maruha Venegas и официјално е најстарата радио водителка на светот, со нејзината емисија за деца “Радио клуб за деца”, емисија која се емитува цели 68 години.
Venegas најпрво најавувала музичка програма, а потоа на 18 декември во 1944 година, ја добила приликата да ја води својата радио емисија. Емисијата за брзо време се здобила со голема популарност, а за временски период од 50 години ја имала честа да и гостуваат сите водечки перуански пејачи и изведувачи.
Бабичката Venegas, кој влезе и во Гинисовата книга на рекорди како најстар радио водител, и понатаму секоја сабота води получасовна емисија.
Поради длабоката старост емисијата ја води телефонски од својата куќа, работејќи бесплатно скоро една деценија.
И покрај староста таа и понатаму сама ја подготвува својата емисија притоа имајки информативен блок, музички дел, совет за малите деца и коментар.
Според изјавата на бабичката на почетокот од нејзината кариера како радио водител нејзината мајка ја посоветувала никогаш да не побара пари за својата емисија, бидејќи сепак емисиите биле наменети за здрави и болни дечиња.
Maruha Venegas никогаш не се омажила, притоа живеејќи прилично скромно со месечна пензија од 870 долари. Сепак пензијата не и е доволна за нормален живот со оглед на тоа што со истите пари ја издржув и својата 89 годишна сестра.
Заради нивната длабока старост, Venegas е приморана да дел од парите им ги дава на две личности кои се грижат за нив, со што за да би можела да си ја препушти негата од некое трето лице била приморана да продаде еден спрат од својата куќа.
Заради дијабетисот Maruha Venegas го има загубено видот на едното око, но и покрај се според изјавата на бабичката таа сеуште е еден голем оптимист притоа гледајќи секогаш на посветлата и подобра страна. оваа баба е огромен пример за голем оптимист.
Извор: trojka.rs
Пронајдете не на следниве мрежи: