Триесет и шестгодишната Nurbanu од Бангладеш е принудена да потпише изјава во која би изјавила дека нејзиниот поранешен сопруг кој и го уништил лицето ставајќи и киселина, е ослободен од затвор.
Како дополнителна трагедија, таа ќе биде принудена и повторно да се венча за него.
Nurbanu од својот сопруг се развела пред 18 години, по откривањето на неговото изневерување кон неа. Осум дена подоцна нејзиниот сега веќе поранешен, а за кратко време и повоторно сегашен сопруг, за да и се одмазди нејзиниото лице го испрскал со киселина притоа младата жена ослепувајќи ја и менувајќи и го личниот изглед.
Девет месеци подоцна овој маж е уапсен и осуден на година дена затворска казна, но според тврдењата на Nurbanu овој немилосрден човек е ослободен благодарејќи на кауција.
Како главна причина за потпишувањето на изјавата несреќната жена ја наведува и посочува нејзината свекрва и синови кои имале големо влијание и притисок за да би ја потпишала изјавата со која ја осолободува личноста која и покрај се сеуште применува насилство врз неа притоа заканувајќи и се.
Nurbanu која поради сериозните повреди не е во можност ни да си припреми еден обичен оброк, е една од илјадниците жени, жртви на напад со киселина во последните година дена изминати во Бангладеш, притоа како најголеми предизвикувачи наведувајќи ги причините и конфликтите за пари, брачни понуди и брачни расправии.
Според изјавите и тврдењата на Monire Rahman, генералниот директор на Фондацијата за жртви нападнати со киселина (ASF) во Бангладеш, голем дел од девојките и жените страдаат од раката на својот сопруг, мажи кои своите жени ги третираат како робови, притоа верувајќи дека го имаат и правото менувајќи им го личниот опис со киселина.
Извор: trojka.rs
Пронајдете не на следниве мрежи: