Бети Харис (95) од Сиднеј починала во 2009 година, а во наследство се им оставила насвоите соседи Роберт и Беатрис Греј. Да бидеме поконкретни, станува збор за имот вреден 12.5 милиони австралиски долари, кој наводно после повеќегодишна правна битка дошол во рацете на семејството Греј.
Имено, како што тоа често се случува, кога внуката на госпоѓата Харис, Корали Харт, дознала дека нема да добие ништо, се обидела да го оспори тестаментот. Меѓутоа, судијата Ричард Вајт го прогласил документит за валиден и го одбил приговорот на внуката дека старицата “не била при себе”.
Госпоѓата Харис живеела самотнички живот откако починал нејзиниот сопруг Кит во 1991 година. Таа немала блиски пријатели, а во првичната верзија на тестаментот, го оставила целиот имот на својата внука Харт. Меѓутоа, таа многу се налутила откако Харт ја сместила во старечки дом и со помош на судот и го одземала правото сама да располага со своите пари.
Кога останала засрамена и без приходи, госпоѓата Харис останала на милоста на нејзините соседи, кои секојдневно внимавале да и бидат задоволени сите потреби, почнувајќи од основните намирните како леб, млеко и сл.
“Семејството Греј ќе биде изненадено, додека моето семејство само чека да починам. После се што ми приредија, нема да им оставам ниту еден цент.” – напишала пред својата смрт госпоѓата Харис.
Пронајдете не на следниве мрежи: