Слатката пејачка Адел повторно руши рекорди. Повеќекратната добитничка на Греми, својот втор албум “21”, го продаде во преку 10 милиони копии во Соединетите Американски Држави и со тоа стана првата Британка на која и успеално нешто вакво.Ова го објави фирмата за мерење на продажбата Nielsen SoundScan.
Инаку, албумот “21” беше објавен во 2011 година и во себе ги содржеше хитовите “Someone Like You” и “Rolling In The Deep”. Тој беше најпродаван албум за 2011та година а Адел се закити со шест Греми токму за него. Оваа година албумот успеа да се продаде за повеќе од 10 милиони копии, и е трет албум на листата за оваа година што се продава во толкави количини. Пред “21” се “Hybrid Theory” на Линкин Парк и “Confessions” на Ашер. Но во секој случај, ова се албуми кои излегоа во 2000, односно во 2004 година. Албумот на Адел е прв албум во последнава декада на кој му требаа само две години за да стигне до оваа бројка од 10 милиони.
Пронајдете не на следниве мрежи: