Незгоди понекогаш се случуваат, но некои се толку бизарни што се случуваат само тогаш кога некој ќе направи голема глупост.
Можеме само да погодуваме што му минувало низ глава на Вилијам Дејвис кога тој ден во 2005 година слетувал со својот авион на малиот регионален аеродром во Роанок, во американската држава Тексас.
За наша среќа, неговата сопруга го снимила целиот настан со камера. Нејзиниот сопруг сигурно и самоуверено се спуштал на пистата, кога одеднаш се појавил некаков теренец.
Дејвис, иако очигледно шокиран од ваквиот развој на настаните, сепак останал присебен и успеал безбедно да ја допре земјата со она што останало од неговото летало.
Поука? Не возете автомобили по аеродромските писти.
Погледнете ја видео-снимката:
Пронајдете не на следниве мрежи: