На скалата на држави во светот што нудат најубав живот, без големи изненадувања, убедливо води Швајцарија. Според оваа листа која ја состави Economist Intelligence Unit, најсреќни ќе бидат оние бебиња кои во 2013 година ќе се родат во некоја од кантоните во Швајцарија.
Меѓу првите пет земји се секако скандинавските Данска, Шведска и Норвешка. Оваа ранг листа е правена според индивидуалните анкети на жителите на државите помешани со објективните услови за живот, како стапката на криминал во државата, безбедноста, довербата во јавните институции, здравствената заштита, културата и секако богатството. Првите десет земји на оваа ранг листа се од европскиот континент. Обединетото Кралство е тек на 27 место, а веднаш по него следи Чешка.
Од поранешна Југославија, Словенија котира највисоко, на 32 место, а по неа е Хрватска на 46. Последна на листата е Нигерија.
Пронајдете не на следниве мрежи: