Симпатичниот 53-годишен Британец, Гери Крег, соборил Гинисов рекорд така што облекол 302 пара гаќи – одеднаш.
Овој човек со необично хоби го држел истиот рекорд и претходно, само што тогаш успеал да облече “само” 211 пара.
Меѓутоа, Американката Џенин Кеблиш го соборила неговиот рекорд откако минатата година успеа да навлече на себе 252 пара гаќи. Крег, инаку татко на три деца, започнал да “тренира” за да си го врати местото на врвот.
“Сакав да бидам првата личност која облекла преку 300 пара гаќи и успеав во тоа. Мислам дека така станав и првата личност која рекорд држела два пати, но тоа е веројатно само затоа што никој не е доволно луд за да се пријави втор пат.” – нагласил Крег.
Погледнете како изгледало поставувањето на првиот рекорд во 2010 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: