Забележани се три Јети во Сибир

Дали тие навистина постојат? Тројца Руси забележале група на Јети во Сибир…Кога ги погледнале, ги прашале за помош, а крзнените суштества на две нозе веднаш побегнале.

 

Двогледите им биле скршени, па затоа не можеле убаво да ги видат, но сигурни се дека тие се движеле како човечки суштества…

Групата на Јети се во далечните предели на Сибир. Имено тие се убедени дека ги забележале овие суштества дури три пати во текот само на оваа недела. 

 

Легендите за овие крзнени суштества не се нови. Одамна се тврдењата дека тие навистина постојат во пределите на Сибир. Токму поради ова нивно најново појавување, руските научници се подготвуваат да отпатуваат во пределот Кемер каде се претпоставува дека живеат околу 30 јети суштества.

 

Дали вие мислите дека тоа е вистина?

Пронајдете не на следниве мрежи: