Тадиќ се вработил во партијата за плата од 1.300 евра

Поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија (ДП) Борис Тадиќ добил постојано вработување во партијата за месечна плата од 148.000 динари ( околу 1.300 евра), објави весникот Данас.„Првиот почесен претседател  Борис Тадиќ, откако ја напушти функцијата претседател на Србија и нема ниту една јавна функција, стапи во постојан работен однос во ДП“, пишува Данас, повикувајќи се на Информативната служба на партијата.
Во ДП постоел правилник за систематизација на работните места, кој предвидува посебни внатрешни единици и под кој се подразбираат органите на партијата. Оттука постои правна рамка Тадиќ, како почесен претседател, да биде во постојан   работен однос.
Тадиќ, според постоечкиот закон, како поранешен претседател на Србија, имаше право на месечна надокната во износ на претседателска плата додека не се вработи или не ги исполни условите за пензија, во рок од шест месеци, со можност од пролонгирање од најмногу уште шест месеци.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: