недела, 15 ноември 2026
Најново

Безобразно е да се бара Србија да го признае Косово, Белград сам да процени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин во српската престолнина Белград условувањето со признавање на независноста на Косово го нарече „безобразно“ и на српските власти им препушти да ја донесат одлуката дали за прием во Европската унија ќе се согласат да ја признаат независноста на Приштина.

Првиот потпретседател на владата на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин во средата во разговорите со државниот врв на Србија истакна дека претставува „суверено прав на Србија“ да одлучи дали ќе го признае Косово како независна држава, да процени и да размисли за цената пристапување на Европската унија.
„Доколку условите за влез на Србија во Европската унија е признавањето, тоа претставува безобразие, кое се случи во 2008 година, тогаш вие треба сериозно да размислите за тие услови, доколку тие одговараат на вашите интереси“, ги цитира зборовите на Рогозин, репортерот на РИА новости од Белград.
Белградските медиум, пак, потенцираа дека Рогозин додал дека сепак станува збор за „.. ваша суверена одлука и Русија ќе ја поддржи вашата одлука“, истакнувајќи дека Москва останува критична во однос на признавањето на независноста на Косово, или како што рекол „зачувувањето на територијалната целовитост на Србија“.
Рускиот вицепремиер нагласил дека правото на самоопределување се уважува само во случај кога постои закана од геноцид или уништување на некоја конкретна нација и само тогаш може да надвладува првиот принцип, потсетувајќи дека експертите за меѓународно право повеќепати  .
Рогозин истакнал дека не гледа „никаков судир на интереси во тоа Србија  да и’ пристапи на Европската унија, и да биде стратешки партнер на Русија“.
На прес-конференцијата по средбата со српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ, Рогозин нагласил дека Русија во новите српски власти добила „доверлив и сериозен партнер“, како и дека на Москва и’ е потребна силна Србија којашто ќе ги застапува своите позиции.

Макфакс

Поврзани вести