5 (не)точни факти

Loading...

Колку пати сте се нашле во ситуација да убедувате некого во нешто, а притоа да немате аргументи, а главното образложение да ви биде дека “тоа е едноставно така”? Колку факти има за кои би ставиле рака во оган, а кои всушност не се точни? Ви претставуваме неколку (не)точни факти. 

 

1. Кога се во опасност, ноевите ги забиваат главите во песок

Ноевите се меѓу најбрзите животни на планетата. Дали мислите дека е логично животно со вакви карактеристики од страв да ја забие главата во песок? Се разбира дека не. Кога чувствуваат опасност, ноевите обично ги шират пердувите и го собираат вратот, така што изгледаат како некој вид на грмушка. 

Во денешно време изразот “забивање глава во песок” го користиме за личностите кои мислат дека ќе ги решат своите проблеми ако ги игнорираат. 

 

2. Урината помага кај изгорениците од медуза

Не, не е потребно да минувате низ уште едно непријатно искуство, затоа што урината не ја ублажува болката, можеби само ја засилува. Она што се препорачува е изгореницата да ја триете со мокар песок, а потоа да отидете до најблискиот ресторан и да побарате домат, кој автоматски ја ублажува болката. 

 

3. Лилјаците се слепи

Овие животни всушност имаат сосема добар вид. Со оглед на тоа што летаат во мрак и се чувствителни на светлина, претераната изложеност на светлина би можела да ги ослепи. Она што говори во прилог на “вистината” дека се слепи е фактот дека во одредени ситуации се потпираат на слухот во моментите кога видот слабо ги служи – на пример во апсолутен мрак. 

 

4. Луѓето настанале од мајмуните

Ова е можеби најраспространетото уверување кое е едноставно прифатено без никакви потврдени теории. А за што всушност станува збор? Пропаганда на црквата со цел дискредитирање на Дарвин и неговата теорија за еволуција. Имено, Дарвин никогаш не го изјавил ова, како што ниту еден биолог со здрав ум нема да го изјави. Вистината е дека луѓето и шимпанзата се “роднини”, но само затоа што се развиле од заеднички предок – Sahelanthropus tchadensis, пред 7 милиони години. 

 

5. Кинескиот Ѕид се гледа од месечината

Не се гледа, иако неговата висина изнесува 16 метри. Не постојат информации дека овој објект се гледа од Месечината, дури и сајтот wikipedia.org наведува дека “се претпоставува дека ѕидот може да се види”. Од друга страна, на многу научни веб-сајтови се истакнува дека од Месечината не може да се види ниту една градба која ја направил човекот. 

 

loading...