Хаг го ослободи Харадинај

Хашкиот трибунал во четврток го ослободи поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај. Советот заклучи дека не е виновен по ниту една точка од обвинението.

Ослободени се и поранешните команданти на ОВК, Идриз Баљај и Љахи Брахимај.

Судот наложи сите да бидат пуштени на слобода.
Советот наведе дека нема докази ни за тоа дека Рамуш Харадинај знаел за злосторствата во Јабланица. Денешната пресуда е нова првостепена, а како што се очекува најверојатно ќе следи жалба на оваа пресуда.
Новата постапка вклучува и обвинение за учество во злосторничко здружување со цел злоставување Срби, Албанци и Роми, како и убиства и мачења во логорот на ОВК во Јабланица, Општина Ѓаковица.
Трибуналот во 2005 година подигна обвинение против него и двајцата други, каде во 37 точки го обвинува за злосторства против човештвото, кршење закони на војување, индивидуална одговорност и други сторени дела во 1998 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: