Дачиќ: Датум дури 2014 година ако го испуштиме сега

Loading...

Србија би можела да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во првата половина на следната година, доколку Советот на Унијата на 10 декември даде позитивно мислење, вели српскиот премиер Ивица Дачиќ.

„Ако сега тоа се пропушти, доаѓаат избори во Германија и тогаш можеме да очекуваме датум на преговори дури во 2014 година“, изјави Дачиќ за „Блиц“.
Според него, добивањето датум е поврзано со косовското прашање и дека од Белград се очекува примена на постигнатите договори со Приштина.

Макфакс

loading...
Loading...