ДУИ упати честитки по повод ослободувањето на Харадинај

Loading...

Демократската унија за интеграција(ДУИ) во четврток упати честитка до Рамуш Харадинај и неговото семејство, по повод ослободителната пресуда во Хашкиот трибунал.

„Стогодишнината на независноста на Албанија и на денот на националното знаме, како и слободата и независноста на Косово, нема да бидат целосни без слободата на ослободителите и без чувањето и максималната почитт кон вредностите на нашите ослободителни војски од крајот на минатиот век. Ние војувавме заедно за да ја постигнеме независноста на Косово и денеска, во оваа благословена 100 годишнина, оваа независност зема целосна форма, со победата на нашата ослободителна војна“, се вели во честитката.
Понатаму се додава дека со оваа одлука во Косово се поставува уште еден силен темел на државноста.
„Оваа победа треба да ни послужи како поттик за да го направиме Косово и регионот подобар и јас сум убеден дека заедно ќе го упатиме регионот напред, без граници, и потполно интегриран во НАТО и ЕУ“, се вели во честитката од ДУИ до Харадинај.

Макфакс

loading...
Loading...