Госпоѓата која се претставила како Дебра Џакоби ја пратила оваа фотографија на заедницата која истражува паранормални појави. Пренесуваме што таа напишала во електронската пошта.
“Живеам во куќа изградена на крајот на XIX век, а досега сум доживеала стотици паранормални искуства во неа. На пример, често гледам разни појави, гледам како стварите се поместуваат сами од себе, но забележувам и гласови, кои ги имам снимено со мојата дигитална камера.
Фотографијата која ви ја праќам настана сосема случајно. На неа јасно се гледа маж кој ме набљудува, но ми се чини дека тој не е единствениот дух на фотографијата.
Би сакала да можам да комуницирам со тие луѓе и да дознаам кои се, но престанав да ги снимам звуците по едно неодамнешно лошо искуство. Имено, на едно од снимките се слушна како некој повлекува чкрапало од празен пиштол. Тоа до толку ме уплаши, што дури помислив и да се отселам од куќата.” – вели госпоѓата Џакоби, која исто така тврди дека духовите понекогаш го користат и нејзиниот 12-годишен син како посредник.
Пронајдете не на следниве мрежи: