Понеделник, ден без криминално дело во Њујорк

Loading...

Прв пат во историјата на Њујорк, еден ден помина без никакво криминално дело, јавуваат американските медиуми.

Портпаролот на полицијата вели дека понеделникот бил најмирниот ден во поновата историја на овој град.
Цел ден не се случило ниедно убиство, пукање, нанесување повреди со нож или кој било друг вид насилство.
Иако во јули годинава дошло до зголемување на бројот на убиства, вкупниот број убиства во градот е на најниско ниво од 1960 година наваму.
Покрај тоа, бројот на криминални дела се зголемил за три отсто. Забалежани се девет отсто повеќе кражби и разбојништва. Најголемиот број кражби се однесуваат на паметни телефони.
Меѓутоа, бројот на убиства е намален за 23 отсто во споредба со минатата година. Во Њујорк се случиле 366 убиства, наспроти 472 убиства во 2011 година.
Експертите велат дека толку мал број убиства е невообичаен за град со осум милиони жители.
Експертите ја фалат агресивната политика на полицијата во овој град и сметаат дека токму таа е најзаслужна за овие резултати.

Макфакс

loading...
Loading...