Постојано сме сведоци на секојдневното пронаоѓање на паднати предмети, пари, документи и што ти уште не, но сепак ретки би биле оние луѓе кои со нивното пронаоѓање би направиле вистински бизнис со кој би можеле да ја преживуваат суровоста на секој изминат ден.
Со помош на рачно изработен магнет Кинезот Haibo Zheng од “јужната престолнина” на најмоќната азиска сила Nanjing, секојдневно дел од својот ден го поминува во крстарење по улиците на градот.
Притоа пронаоѓајќи ситници кои случајно им паѓаат на постојаните минувачи по улиците, патеките за прошетка, јавните тоалети и шахти, овој човек собира сосема доволно за да би можел да си го осигура опстанокот за следниот ден.
Приказната започнала со едноставна идеја на пронаоѓањето на метална алатка налик како уредите кои служат за пронаоѓање на богатство во блиската река, пришто Haibo Zheng ставајќи и магнети на алатката и повторно враќајки ја во реката, притоа по неколку минути вадејќи ја успеал да собере поголома количина на фрлени пари.
Со едноставниот пример, понатамошната идеја се развивала спонтано притоа овој Кинез продолжувајќи да работи секојдневно на улиците од огромната Шангајска метропола, и заработувајќи и до 5.000 долари годишно само со едноствано постојано шетање по секогаш преполните кинески улици.
Извор: Telegraf.rs
Пронајдете не на следниве мрежи: