Со солзи радосници и огномет дочекано ослободувањето на Харадинај

Loading...

Со солзи радосници и огномет, косовските Албанци во Приштина, ја дочекаа ослободителната пресуда на поранешниот водач на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај пред Хашкиот трибунал.

На плоштадот Мајка Тереза во Приштина, каде партијата на Харадинај, Алијанса за иднината на Косово организираше директен пренос од изрекувањето на пресудата, во моментот на соопштувањето на пресудата се слушаа извици и започна огномет.
Како што јавуваа дописникот на Танјуг, огнометот траел подолго отколку претходниот ден на прославата на Денот на знамето и сто години од државноста на Албанија која беше одржана на истото место.
Во текот на прославата се слушало и пукање од огнено оружје. Граѓаните носат маици со ликот на Харадинај и натписи „лидерот кој го одржува зборот“ и „чист образ“.
Советникот на Харадинај и член на претседателството на Алијансата, Бесник Тахири за Танјуг изјавил дека е презадоволен од пресудата и најави свечен дочек и вклучување на Харадинај во политичкиот живот на Косово на доста одговорно ниво.

Макфакс

loading...
Loading...