Во средата во Аргентина почна судскиот процес против 66 војници и двајца цивили обвинети за учество во „летовите на смртта“ во текот на кои противниците на диктатурата во период 1976 до 1983 година биле исфрлани од авиони во морето.
Станува збор за процес кој се води за 789 случаи на кршење на човековите права и тоа е најголемиот процес за злосторства сторени во текот на диктатура од 2003 година кога беше воден процес за злосторства против човечноста во Морнаричката школа за механика во аргентинската престолнина Буенос Аирес, која била најголемиот таен центар за измачување и ликвидации.
Тоа ќе биде најголемиот процес за злосторства против човечноста во Аргентина изјави адвокатот Родолфо Јанзон. Се проценува дека процесот ќе трае две година и дека во тој период ќе се појават повеќе од 900 сведоци.
Меѓу обвинетите се и осум пилоти „летови смртта“ кои усмртиле повеќе стотици опозиционери. Многу од противниците на диктатурата биле дрогирани пред од авионите да бидат живи фрлани во морето.
Во текот на диктатурата во Аргентина, се убиени или исчезнале околу 30 илјади припадници и симпатизери на опозицијата.
Процесот започна во Буенос Аирес во преполна сала, а пред судот заштитниците на човековите права со транспаренти со коишто бараат правда, пренесува AFP.
Меѓу обвинетите е и аргентинско-холандскиот пилот Хулио Пош службеник на холандската компанија „Transavia“, филијала на „Air Francea“ и „KLM“, Во септември 2009 година него го уапси Шпанија по барање на Аргентина на која и беше набрзо потоа испорачан.
Обвинет е и државниот секретар за финансии во текот на аргентинската диктатура, Хуан Алеман, поради учество на испитувањето и мачењата на Орландо Руиз, кого тогаш бил обвинет за учество во атентат врз Алеман.
Ќе им се суди и на поранешните војници Алфред Астиз и Хорхе Тигре Акоста, коишто во 2010 година беа осудени на доживотни затворски казни поради кршење на човековите права во Морнаричката школа.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: